Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, изјави дека очекува младиот ас на Шпанија, Ламин Јамал, да биде подготвен за првиот натпревар на Светското првенство 2026.
Јамал го пропушти финишот на клупската сезона поради повреда на тетивата на коленото, но и покрај тоа беше повикан во националниот тим. Де ла Фуенте нагласи дека засега сè се одвива според планот и дека фудбалерот успешно закрепнува.
„Ако сè продолжи како досега, Ламин треба да биде подготвен за натпреварот на 15 јуни. Сепак, тоа не значи дека сигурно ќе настапи. Ќе ја процениме ситуацијата во вистинскиот момент“, изјави шпанскиот селектор на прес-конференција.
Проблеми со повреди имаат и Нико Вилијамс и Микел Мерино, кои нема да бидат во конкуренција за пријателскиот натпревар против Ирак што ќе се игра во четврток во Ла Коруња.
„Во целост сме координирани со клубовите, постојано комуницираме и играчите секојдневно напредуваат во процесот на закрепнување“, додаде Де ла Фуенте.
Шпанија настапот на Светското првенство ќе го отвори на 15 јуни во Атланта против Зеленортски Острови. Вториот натпревар ќе го одигра на 21 јуни, повторно во Атланта, против Саудиска Арабија, додека третата средба од групната фаза е закажана за 27 јуни во Гвадалахара против Уругвај.








