– Филипче секојдневно бара Уставни измени, дури повеќе и од Бугарите. Филипче испадна поголем Бугарин дури и од самите Бугари, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
На Филипче не му се слушаат пофалните зборови на Антонио Кошта во делот на Реформската агенда, како и добиените финансиски средства од Планот за раст, тој оди со главата во ѕид, работејќи во полза на бугарските власти и знае само за една реформа, а тоа е уставни измени.
– СДС важи за партија којашто низ историјата на независна Македонија, водела исклучиво погубни политики во делот на евроинтегративниот процес на државата, дециден Манасиевски.
– Од промена на знаме, име, Устав, до денес барањата на Филипче за редефинирање на историјата, јазикот, културата и идентитетот. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи повеќе национални понижувања. Времето на отстапки и исполнување на туѓи агенди заврши, додаде тој
https://www.youtube.com/watch?v=YvLDdSp52Zc








