Непоканет гостин влегол во нејзината хотелска соба – Водителката била преплашена во четири часот наутро

Бојана Лазиќ моментално е на одмор на грчкиот брег, а по денот поминат на сонце и уживајќи во морето, ја затена шок додека спила во својата хотелска соба. Водителката споделила видео од хотелската соба на Инстаграм, на кое се гледа како мало маче се крие зад нејзиниот кревет.

„Маче влезе во нашата соба додека спиевме и бевме преплашени во 4 часот наутро!“, напиша водителката додека се обидуваше да го повика мачето да дојде кај неа во видеото.

 

Инаку, Бојана Лазиќ важи за една од српските најатрактивни водителки, а со својот изглед во четириесеттите години може да им конкурира на многу помлади познати личности, а неодамна ја откри тајната и на својот одличен изглед кога се подложи на процедура за затегнување на кожата.