Милош Теодосиќ е нов спортски директор на Црвена звезда

Милош Теодосиќ се врати во Црвена звезда. 

Клубот од „Мали Калемегдан“ на социјалните мрежи објави дека Теодосиќ повторно ќе биде дел од црвено-белиот табор, а овој пат ќе ја извршува функцијата спортски директор.

Еден од најголемите кошаркари во историјата на европската и српската кошарка, Милош Теодосиќ, е нов спортски директор на КК Црвена звезда!

Една година откако ја заврши својата одлична играчка кариера, во дресот на нашиот клуб, Милош Теодосиќ повторно ја засили Црвена звезда во нова улога – како прв оперативец на спортскиот сектор“ напишаа од Црвена звезда на социјалните мрежи.