Американскиот претседател Доналд Трамп ќе учествува на претстојниот самит на НАТО во Анкара, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио.
-Мислам дека претстојниот самит на НАТО во Турција во јули е веројатно најважниот самит во историјата на Алијансата, бидејќи има работи што мораме да ги поправиме и расчистиме. Самиот претседател Трамп ќе учествува, рече Рубио во текот на вториот ден од сведочењето пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат.







