Сензација: Сабаленка елиминирана – загуби десет гема во низа

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка го заврши настапот на Ролан Гарос откако попладнево во четвртфиналето беше елиминирана од Дијана Шнајдер. До големиот триумф Шнајдер стигна со неверојатен пресврт и освоени десет гема во серија.

Сабаленка имаше водство од 1-0 во сетови и предност од 5:3 во гемови во вториот сет. Во продолжението на сетот Сабаленка сервираше за меч, но Шнајдер успеа да направи два брејка во завршницата на вториот сет и на тој начин да изедначи на 1-1 во сетови.


Во решавачкиот сет Шнајдер по голема борба во вториот гем и 18 одиграни поени Шнајдер направи брејк што беше знак за победа во мечот. Таа ја искористи третата меч топка, по два часа и 13 минути игра.

Нејзина противничка во полуфиналето утре ќе и биде Маја Хвалинска, која со 2-0 во сетови ја совлада Ана Калинскаја. (МИА)