Експедицијата на фудбалската репрезентација на Македонија која што се обидува да се врати денеска од гостувањето кај Турција од Истанбул, во Скопје би требало да пристигне околу 20:00 вечерва.
Тоа е последната информација од Истанбул, каде што нашиот национален тим денеска заглави поради неисправност на чартер авионот попладнево.
Експедицијата веќе еднаш полета од Истанбул, но поради технички проблеми со леталото, истото се врати повторно на аеродромот од каде што полета.
Сега, со нов авион репрезентацијата на Македонија вечерва околу 20:00 часот ќе се врати конечно дома.






