Екипата на Сан Антонио Спарс продолжува да ја пишува најубавата приказна во овогодинешниот плејоф.
Тимот од Тексас со победа од 111-103 на гостувањето кај Оклахома ја доби серијата и обезбеди пласман во големото НБА финале. Спарс успеаја да го елиминираат актуелниот шампион и да стигнат до своето прво финале по 2014 година, кога ја освоија последната титула. Сега ќе имаат можност да се борат за шестиот шампионски прстен во клупската историја.
Предводник на тимот беше Виктор Вембањама, кој како МВП на финалето на Западната конференција постигна 22 поени.
Голем придонес даде и Џулијан Шампан, кој погоди шест тројки и беше вистински кошмар за одбраната на Оклахома.
Во големото финале, Сан Антонио Спарс ќе се соочи соЊујорк Нилс. Финалната серија започнува во среда во Тексас. Со ова ќе продолжи и необичната традиција во НБА – осма сезона по ред лигата ќе добие различен шампион.








