Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ги сподели своите впечатоци по финалето во Лигата на шампионите.
Неговиот тим беше поразен од Пари Сен Жермен по изведувањето на пеналите (1-1, 4-3.
„Во казнените простори, со пеналот што беше досуден против Москера, оној што не беше досуден врз Мадуеке, а потоа и со пеналите – тие разлики не беа во наша корист.
Она што им го кажав на играчите и на стручниот штаб е дека и милион пати да им се заблагодарам, не би било доволно. Тоа не е затоа што ја освоивме Премиер лигата, ниту затоа што игравме финале во Лига купот и Лигата на шампионите. Тоа е поради радоста и моментите што ги доживеавме заедно секој ден, и тоа е над сè“.
И покрај поразот Арсенал и Артета може да бидат задоволни од сезоната, затоа што по 22 години чекање ја освоија Премиер лигата






