Поранешниот словенечки амбасадор, Тоне Кајзер порача дека Западен Балкан и процесот на проширување на Европската Унија остануваат еден од главните приоритети на надворешната политика на неговата земја.
-Западен Балкан и проширувањето на Европската Унија, како и зајакнувањето на односите со земјите кандидати и идните земји-членки, како што е Македонија, остануваат клучен приоритет на надворешната политика на нашата држава, напиша Кајзер во објава на социјалната мрежа X.
Zahodni Balkan/širitev 🇪🇺 in krepitev odnosov z državami kandidatkami/prihodnjimi članicami 🇪🇺 kot je 🇲🇰 ostaja ključna prioriteta zunanje politike naše države 👇 https://t.co/HVk34aZRgf
— Tone Kajzer (fmr Ambassador) (@TKajzer) May 29, 2026







