Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска за време на средбата со канадската министерка за надворешни работи Ана Ананд рече дека билатералните односи меѓу Кина и Канада се обновени.
Ванг истакна дека, под стратешко водство на лидерите на двете земји, размената и соработката во различни области се целосно продолжени, а главните економски и трговски прашања на двете страни ќе бидат правилно решени, пренесува Синхуа.
Тој изрази надеж дека ќе соработува со канадската страна за да се истражат начините за унапредување на новото стратешко партнерство меѓу Кина и Канада.







