Украински беспилотни летала го нападнаа руското пристаниште Таганрог, а во пожарот што избувна по нападот, се запали танкер, резервоар за гориво и административна зграда, соопшти денеска гувернерот на Ростовската област Јуриј Сљусар.
Според прелиминарните информации, нема жртви во нападот на пристаништето, напиша рускиот гувернер на социјалната мрежа Макс.
Градоначалничката на Таганрог, Светлана Камбулова подоцна соопшти дека пожарот во пристаништето е изгаснат и дека нема излевање нафта.







