Доналд Трамп ќе го следи финалето во НБА лигата

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел да влезе во историјата на НБА откако објави дека планира да присуствува на Големото финале.

Трамп потврди дека добил покана од сопственикот на Њујорк Никс, Џејмс Долан, и дека сериозно размислува да оди во познатата „Медисон Сквер Гарден“.

Мислам дека ќе одам на еден од натпреварите. Многу луѓе ме поканија, а Џим Долан е еден од нив“ рече Трамп.


Никси први обезбедија место во финалето на НБА и сега го чекаат победникот од финалето на Западната конференција помеѓу Оклахома и Сан Антонио Спарс.

Трамп откри дека првично планирал да присуствува на 5-тиот натпревар од финалето на Источната конференција против Кливленд, но Никси ја завршија работата многу порано бидејќи ја добија серијата убедливо со 4-0.

“Сакав да одам во средата…Каков тим? Тие ги добија сите натпревари. Имаат неверојатни играчи“ – рече американскиот претседател за време на состанокот на кабинетот во Белата куќа.