Тренерот на Арсенал Микел Артета, зборуваше пред медиумите пред финалето во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
Стратегот на новиот англиски првак покажа голема почит кон ривалот, но истакна дека Арсенал не се плаши и дека е подготвен да се надигрува со актуелниот европски владетел.
Тука сме во финалето затоа што заслуживме да бидеме тука. Сите сакаат да го играат овој натпревар и ние сме со целиот ростер. Тимбер и Мадуеке се спремни, единствено ни недостига Вајт. Треба да бидеме амбициозни и храбри, така се победува во финале. Веруваме во себе и мислам дека ќе го видите тоа во нашата игра.
Ова е шанса да оствариме нешто што не сме оствариле досега и тоа силно мотивира. Натпреварите од Лигата на шампионите се многу тактички, како партија шах, и верувам дека и финалето ќе биде такво.
Луис Енрике секогаш беше пример за сите нас. Видете што направи од ПСЖ. Тој е инспирација и утре ќе биде тежок дуел меѓу нас крај аут линијата. ПСЖ е фаворит, го брани трофејот и ние сме тука да ги симнеме од врвот. Нашата желба е максимална, мојата исто така. Моите денови пред ова финале се вообичаени, нема никаква промена.“, изјави Артета.
Натпреварот меѓу ПСЖ и Арсенал на стадионот во Будимпешта се игра во сабота од 18:00 часот.








