Во врска со сериозниот инцидент од 25.05.2026г. на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, каде дел од земјиштето се сруши при ископни работи на градилиште, Министерството за транспорт известува дека согласно позитивните законски единствено надлежен орган е општината Центар.
-Имено, согласно закон, општина Центар и нејзините инспекциски служби, за градбите од втора категорија, се надлежни да утврдат дали свлечиштето довело до оштетувањето на патната инфраструктура, канализациската мрежа и уличното осветлување, како и да обезбеди соодветна заштита на граѓаните и нивно безбедно движење во непосредна близина на оштетениот простор, велат од министерството.
Министерството за транспорт ја повикува општина Центар во најбрз можен рок да постапи согласно надлежностите и да ги расчисти сите наводи околу овој инцидент.







