Неколку лица загинаа откако училиштен автобус денеска се судри со воз во белгискиот град Бугенхаут, јави ДПА.
Двајца тинејџери, возачот на автобусот и еден возрасен придружник загинаа, додека двајца патници се тешко повредени, изјави белгискиот министер за транспорт Жан-Лик Крук за RTL Info.
Причината за несреќата, која се случила на околу 20 километри северно од Брисел, не е позната.
Според компанијата за железничка инфраструктура „Инфрабел“, железничкиот премин бил затворен во моментот на судирот.
– Снимките од надзорните камери покажуваат дека семафорите светеле црвено, а рампата била спуштена. Возачот на возот исто така ги активирал сопирачките за итни случаи, но судирот не можел да се избегне – изјави портпаролот на Инфрабел, Томас Баекен, цитиран од новинската агенција Белга.
Белгиската министерка за правда Анелис Верлинден изјави дека нема зборови со кои може да се опише несреќата.
„Моето најискрено сочувство е со сите жртви, децата, нивните семејства и со сите погодени од оваа денешна трагедија“, напиша таа на Х.








