Светот во канџите на идеолошкиот и верскиот ционизам

 

Се’ почесто, посебно после октомвриските случувања во 2023-та и, се’ уште траечката војна меѓу Израел и Хамас во Газа, а посебно, после започнувањето на агресијата на САД и Израел врз Иран, сведочиме на најразлични анализи на настаните кои, вообичаено, се дијаметрално спротивни. Па, посебно е интересно позиционирањето на многумина – едните во целосен напад на Израел и Евреите, другите во нивна целосна одбрана. А, вистината, како и обично, се наоѓа некаде на средината.

Ваквите спротивставени тврдења се засилија после односот на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир кон активистите на хуманитарната флотила “Глобал Сумуд“ за Газа, кои беа приведени од израелските власти. Тој, минатата недела, објави видео на кое јасно се гледа како странските, претежно европски активисти, од страна на израелските полицајци се понижувани и принудени да клечат со врзани раце, додека тој лично им се потсмева со зборовите “добредојдовте во Израел, ние сме господарите“. Со тоа, тој, свесно или не, како официјален, исклучително висок претставник, сакам да верувам, на ционизмот, а не на целиот еврејски народ, кој беше понижуван и му беше газено достоинството во времето на нацизмот, денес понижува и гази врз достоинството на припадници на други, претежно европски народи.

Бидејќи, полека но сигурно, работите излегуваат од контрола, за да се објаснат нештата, мора да се објасни, прво, ционизмот, како идеолошко-политичко движење на дел од Евреите и, второ, христијанскиот ционизам, како моќен верско-политички блок, посебно меѓу белите евангелисти во САД.

ЦИОНИЗМОТ И ХААВАРА ДОГОВОРОТ

Спогодбата Хаавара (Haavara Agreement) бил договор меѓу нацистичка Германија и германските ционистички Евреи, потпишан на 25 август 1933 година. Спогодбата ја потпишале Ционистичката федерација на Германија, Англо-Палестинската Банка (под раководство на еврејската агенција) и властите на нацистичка Германија.

Овде е посебно важно да се разбере разликата меѓу ционистите и Евреите. Еврејството е вера и идентитет на поединецот, а ционизмот е политичка идеологија и движење кое може да го поддржува кој било, па дури и неевреин и, на кое многу верни, ортодоксни Евреи, се противат. Формирано во Базел во 1894 година, ционистичкото движење за своја главна цел го поставува создавањето на државата Израел на територијата на Палестина, водено од зборовите “земја без народ, за народ без земја“.

Но, да се вратиме на Хаавара спогодбата. Оваа спогодба им овозможувала на германските Евреи пренесување на нивното богатство од нацистичка Германија и, нивна преселба во Палестина која се наоѓала под британски мандат (британска мандатна Палестина).

Како функционирала спогодбата?

Нацистите сакале да се ослободат од Евреите, овие, пак, сакале да заминат од Германија, но не смееле да го изнесат своето богатство, а Британците, пак, кои управувале со Палестина, од своја страна, барале секој од доселените Евреи во Палестина да има со себе најмалку 1.000 фунти. Во името на Евреите иселеници, подготвени да се иселат во Палестина, ционистите, го продавале нивниот имот во Германија и добиените пари (марки) ги ставале на посебна сметка во Германија. Со тие пари, ционистите купувале германски производи, ги извезувале во Палестина и таму ги продавале. Иселениците, од банката таму, со парите од продадените германски производи, примале исплата во палестински фунти, но со големи загуби заради банкарските манипулации и провизии.

Со тоа, ционистите, всушност, го зголемиле обемот на нацистичката трговија на Блискиот исток, дејствувајќи како нацистички трговски агенти. Германската ционистичка федерација и Хаим Арлосороф, кој раководел со реализација на спогодбата, тврделе дека е тоа единствен начин да се спасат луѓето и истовремено да се изгради еврејска инфрастуктура во Палестина. Но,парите кои иселениците ги уплаќале во Германија за купување германски производи, сакале да признаеме или не, оделе директно во германската воена индустрија.

Па така, нацистите, со оваа спогодба, придонеле во изградбата на темелите на идниот Израел, а еврејските иселеници, всушност, ја финансирале државата која подоцна извршила холокауст над оние Евреи кои немале средства за иселување. Системот бил така воспоставен што жртвата го финансирала крвникот, а посредниците го собирале профитот. По примерот на Третиот рајх, нестрпливи во поттикнувањето на еврејското иселување, уште неколку европски држави склучиле спогодба со ционистичката организација според Хаавара моделот. Во 1937 година, прва таква спогодба потпишала Полска, а во 1939 година и тогашната Чехословачка, Романија, Унгарија и Италија.

Најинтересно е што структурите на моќ воспоставени тогаш, и денес ги контролираат клучните финансиски полуги на западниот свет. Англо-Палестинската Банка, клучниот финансиски посредник кој земал провизија од секоја трансакција, во 1950 година е преименувана во Банк Леуми, која е денес една од најголемите комерцијални банки во Израел, со свои филијали во САД и Британија.

Приказната за пактот меѓу Третиот рајх и Ционистичката федерација во Германија, во својата книга “The Transfer Agreement“, ја раскажал Едвин Блек, полски потомок на жртви на холокаустот кој живеел во САД. Тој ја документирал спогодбата за “спасување на имотот“ на германските Евреи и “доброволно“ иселување во Палестина пред да почне нивното протерување, а потоа и истребување. Тој запишал:

“Штом нацистите во 1933 година ја презеле власта, ционистите добиле заштитен политички статус. После пожарот во Рајхстагот, нацистите ја угушиле практично целата политичка опозиција и затвориле околу 600 весници. Но не и ционистите и нивните весници, кои се продавале на секој агол и чиј тираж се зголемил за 5 пати, на тираж од околу 38.000 примероци. Ционизмот бил единствената политичка филозофија која не била забранета во Третиот рајх“.


БАРАЊЕ ЗА ВОЈНО-ПОЛИТИЧКИ СОЈУЗ

Овде, мораме да додадеме дека на почетокот на февруари 1941 година, една мала, но значајна ционистичка воена организација, им доставила официјален предлог на германските дипломати во Бејрут за војно-политички сојуз со Германија во веќе започнатата војна. Предлогот го дале “Борците за слобода на Израел“, со скратено име Lehi, најпознати како “групата Стерн“.

Тие сметале дека “воспоставувањето историска еврејска држава на национални и тоталитарни темели, со потпишан договор со германскиот Рајх, би било во интерес на одржување и јакнење на германските позиции на Блискиот исток“.

Еден од позначајните членови на оваа група, која го поднела предлогот, бил и Јицак Шамир, човекот кој подоцна ќе стане министер за надворешни работи  на Израел, а од средината на осумдесеттите, се’ до 1992 година и Претседател на израелската Влада. Токму тој, меѓу другото, раководел со многу терористички акции, меѓу кои и убиството на британскиот министер за Средниот исток, лордот Мојни на 6 ноември 1944 година и, убиството на шведскиот преговарач во име на ОН, грофот Бернадот, во 1948 година.

За почеток, ова е доволно да се знае за ционизмот, како политичко-идеолошко движење, кое во моментов раководи со Израел, со израелската надворешна политика и со огромен дел од светските финансии и, секако, да се прави разлика меѓу ционизмот и еврејскиот народ.

П. С.

Во следниот текст за христијанскиот ционизам, како верско-политички блок, посебно распространет меѓу белите евангелисти во САД, со исклучително влијание во американската надворешна политика.

Страшо Ангеловски

Претседател на МААК