Кривична пријава за лице од с. Подмоље, охридско, еве што направил

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против В.Д.(30) од с.Подмоље, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.


На 18.11.2025 во с.Велешта, струшко, полициски службеници го забележале пријавениот како фрлил пакување со кокаин, кој бил пронајден.