Македонската фудбалска репрезентација ги очекува двата пријателски натпревари против БиХ во Сараево, и против Турција во Истанбул.
Сефер Емини изјави дека овие два меча добро ќе и дојдат на Македонија пред почетокот на Лигата на Нации во септември.
„Треба добро да се спремиме за овие два натпревари. Во селекцијата има премногу нови играчи, меѓу нив и јас го чекам дебито. БиХ и Турција се селекции кои играат на Светско првенство, и овие два натпревари треба сериозно да ги сфатиме, мислам дека добор ќе ни дојдат за понатаму во Лигата на Нации. Технички и тактички ќе мора да бидеме многу дисциплинирани, и она што го мисли стручниот штаб да го исполниме на терен, и мислам дека ќе биде се во ред“, изјави Емини.






