Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, А.Н.(26) од с.Стајковци, скопско, пријави дека во с.Стајковци тој, додека бил со тројца другари, бил физички нападнат од Б.Ј.(20) од с. Инџиково, а потоа Б.Ј. со тврд предмет го нападнал и А.А. (18).
Истиот ден во 18:00 часот во СВР Скопје од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Н.(22), А.А.(18) и А.Н.(26) од една страна и Б.Ј.(20), Т.Ј.(25) и Л.Ј.(19) од друга страна.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.






