Антонели победи во драмата во Канада,

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, победи на трката за Големата награда на Канада во Формула 1, која се возеше на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал.

Дождот им создаваше проблеми на организаторите во текот на целиот ден, но не доволно за да предизвика какви било поместувања во плановите за старт и трката се одржа на релативно сува патека. Тоа ни донесе голема драма, пред сè од технички причини.

Почетокот понуди дуел меѓу двајцата возачи на Мерцедес. Расел и Антонели, кои ги тестираа границите на трпението на тимот, разменувајќи си ги позициите во неколку наврати со допири на болидите и триење на гумите.

Кулминацијатс дојде до 24. круг, кога по меѓусебен контакт во последната кривина, Антонели беше принуден да прелета преку тревата и излезе на чело, по што бурно реагираше на тимското радио на одлуката да ја врати позицијата.


Болидот на Расел претрпе ненадеен дефект во триесетиот круг, поради што тој мораше да го паркира возилото крај патеката.

Хамилтон го мина Верстапен и го освои второто место на подиумот. Бодови уште освоија Шарл Леклер, Исак Хадар, Франко Колапинто…

Следниот трка во Светскиот шампионат ќе се вози во Монте Карло за две недели.