КК Пелистер е трет во македонскиот кошаркарски шампионат

Пелистер го освои третото место во македонската кошаркарска Суперлига, откако во мајсторката за бронза го совлада ТФТ со 90-86 на гостински терен.

Натпреварот беше крајно неизвесен, со резултатска рамнотежа уште на полувреме (44-44), а во финишот Пелистер одигра подобро и со серија 11-7 го реши дуелот во своја корист.


Кај победникот најдобар беше Крстевски со 23 поени, додека кај ТФТ се истакна Ташковски со 29 поени.