Фудбалерите на Вардар се новите шампиони на Македонија. Во дуелот од последното (33.коло) коло Вардар пред своите навивачи ја совлада Шкендија досегашниот првак со 3:0.
„Црвено-црните“ на тој начин ја освоија својата 12.та титула во клупската историја.
Шампионскиот пехар се најде во рацете на капитенот Азер Омерагиќ.
Вардар поведе во 20.минута со автоголот на Нуман Ајетовиќ, а по асистенција на Георгие Јанкулов.
На 2:0 Вардар зголеми со голот на Горан Захариќ во 36.минута. Кон средината на вториот дел по прегледувањето на ВАР снимката Бенјамин Керими покажа на белата точка за Шкендија. Голманот на Вардар, Давор Талески го одбрани ударот на Лиридон Латифи, а притоа направил грешка и пеналот беше повторен. И при второто изведување Талески го одбрани ударот на Латифи.
Конечните 3:0 ги постави Бобан Николов во 81.минута, повторно на асистенција на Јанкулов.







