РУБИО: Систем за наплата на минување низ Ормуската Теснина би го оневозможил дипломатскиот договор со Иран

Дипломатскиот договор меѓу САД и Иран би бил оневозможен доколку Техеран воведе систем за наплата за минување низ Ормуската Теснина, изјави денеска американскиот државен секретар Марко Рубио.

Рубио рече дека никој во светот не е за систем за наплата на минување низ Ормуската Теснина.

– Тоа не може да се случи. Би било неприфатливо. Тоа би го направило дипломатскиот договор невозможен доколку тие продолжат да се стремат кон тоа. Значи, тоа е закана за светот доколку се обидат да го направат тоа, и тоа е целосно нелегално – наведе Рубио.


Тој истакна дека е постигнат одреден напредок во разговорите на Вашингтон со Техеран за прекин на американско-израелската војна против Иран.

– Постојат некои добри знаци. Не сакам да бидам премногу оптимист … Значи, да видиме што ќ