Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Министерството оствари средба со адмиралот Џорџ Викоф, командант на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол и командант на американските поморски сили во Европа и Африка, на која била потврдена посветеноста на Македонија кон зацврстување на регионалната и колективната безбедност.

-Придонесот на македонските војници во зацврстувањето на безбедноста во регионот и во рамки на Алијансата е видлив преку учеството во мисијата КФОР на Косово, како и во мултинационалните сили на источното крило на НАТО, за што имаме силна поддршка од Сојузничката команда во Неапол, истакнува Мисајловски.








