Македонската фудбалска репрезентација на 29. мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина за македонските навивачи обезбеди влезници по цена од 1000 денари за секторите ЈУГ Б4, ЈУГ Б3 и ЈУГ – стоење на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево.
Навивачите на македонската репрезентација билетите можат да ги купат директно преку веб платформата на ФФМ: eticket.ffm.mk







