Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе присуствува на следниот самит на Г7, што ќе се одржи во јуни во Евијан, Франција.
Според француските медиуми, претседателот на Франција, Емануел Макрон, со недели се обидувал да го убеди Трамп да присуствува на самитот.
Трамп изминатиот период ги напаѓаше земјите-членки на Г7 поради што не го поддржаа во војната против Иран.
Првично беше планирано самитот на Г7 да почне на 14 јуни, но е презакажан и ќе трае од 15 до 17 мај за да не се поклопи со натпреварот ММА организиран во Белата куќа во чест на 80. роденден на Трамп.
Француските медиуми објавија и дека Макрон, по завршувањето на самитот, го покани Трамп на вечера во дворецот Версај.
На самитот ќе бидат поканети и претставници од Кенија, Бразил, Индија и Јужна Кореја.







