Кошаркарски гигант, Фенербахче, официјално се огласи со соопштение во кое јасно ја отфрла можноста за приклучување кон проектот „НБА Европа“.
Во соопштението се наведува дека актуелниот договор за лиценца со Евролигата, кој требаше да истече на крајот од тековната сезона, ќе биде продолжен.„Во овој момент, Фенербахче Беко донесе одлука да го продолжи лиценцниот договор со Евролигата. Нашата цел не се однесува само на спортски успех, туку и на придонес кон одржлив раст, економско зајакнување и зацврстување на глобалниот бренд на европската кошарка“, стои во клупското соопштение.







