Двократниот шампион на Вимблдон, Карлос Алкараз, и официјално потврди дека поради тешката повреда на десниот зглоб на раката нема да настапи на овогодинешното издание на „Ол Ингланд Клубот“.
Ова значи дека шпанскиот генијалец, кој уште минатиот месец се повлече од Ролан Гарос, комплетно ја пропушта целата пролетна и летна турнеја на земја и трева.
Младиот 23-годишен тенисер ја сподели тажната вест преку социјалните мрежи, нагласувајќи дека иако рехабилитацијата оди во вистинска насока, неговото тело сè уште не е подготвено за бруталните напори на АТП турнејата.
„Моето закрепнување оди добро и се чувствувам многу подобро, но за жал сè уште не сум подготвен за натпреварување.
Поради тоа, морам да се повлечам од Квинс и од Вимблдон. Ова се два навистина посебни турнири за мене и неизмерно ќе ми недостигаат. Продолжуваме со работа за да се вратам на терените што е можно побрзо“, напиша Алкараз на социјалните мрежи.








