Ракометарите ќе добијат премија од РФМ за пласман на СП

Ракометната репрезентација на Македонија ќе настапи на десетто Светско првенство или осмо во низа, откако убедливо го доби двомечот со Словачка во баражот.

Поради новиот успех и продолжувањето на континуитетот на големите натпреварувања, ракометарите ќе добијат и парична награда.


Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, по натпреварот ги извести ракометарите за финансиска премија од 1.500.000 денари за овој успех.

Македонија својата мундијалска група ќе ја чека од вториот шешир. Извлекувањето е закажано за 10 јуни во Минхен.