Жељко Обрадовиќ нов тренер на Панатинаикос?

Додека иднината на тренерот Ергин Атаман е под знак прашалник поради неуспехот во четвртфиналето, клубот наводно размислува за сензационално враќање на легендарниот Жељко Обрадовиќ, кој ја дефинираше златната ера на овој грчки кошаркарски гигант.

Кошаркарскиот клуб Панатинаикос се наоѓа во тешка ситуација по елиминацијата во четвртфиналето на Евролигата од страна на Валенсија.


И покрај тоа што тимот имаше предност од 2-0 во серијата, неуспехот да се пласираат на завршниот турнир во својата арена ОАКА предизвика огромно незадоволство кај навивачите и раководството.

Сопственикот Димитрис Јанакопулос вложи значителни финансиски средства во создавањето на најскапиот состав во историјата на клубот, што дополнително го зголемува притисокот врз сите инволвирани страни.