Арагчи: Ормуска Теснина е не е затворена за бродовите од земји кои не се во војна со Иран

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи денеска изјави дека сите бродови на држави кои не се во војна со Иран можат да пловат низ Ормуска Теснина.

Тој додаде дека Ормуска Теснина помеѓу Персиски Залив и Индиски Океан не е затворена туку само е „ограничена (пловидбата) за нашите непријатели, а не за пријателските земји“.

Арагчи потенцира дека бродовите од „пријателските држави“ и другите треба да го координираат преминувањето со иранските воени сили.


Според иранскиот министер за надворешни работи „нема воено решение“ за војната со САД, кои веќе двапати ја „тестира“ опцијата.

– САД треба да ја разберат оваа реалност. Главниот проблем се контрадикторните пораки на Вашингтон испратени преку изјави, интервјуа и ставови, наведе Арагчи.

Тој додаде дека „единственото решение е целосен крај на оваа агресивна војна“, а потоа Техеран ќе гарантира безбедна пловидба на своите бродови низ Ормуска Теснина.