По 7 години затвор за бомбашите кои фрлија рачна бомба на „Охридска“

По 7 години затвор добија двајца од обвинетите за бомбашкиот напад на улицата „Охридска“ во Битола, што се случи на 12 јули минатата година, објави АПЛА.мк

Според информациите, од вкупно четворица обвинети, двајца се осудени на по 7 години затвор, еден добил казна од 2 и пол години, додека четвртиот е условно осуден. Едно лице и понатаму е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.


Во експлозијата на рачна бомба М-75 беа оштетени седум автомобили и неколку околни објекти на улицата „Охридска“ во Битола. Вкупната штета беше проценета на околу 405 илјади денари.

Обвинетите одговараа за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“, а против едно лице беше водена постапка и за нелегално поседување експлозивна направа.

Повеќе за веста може да прочитате на АПЛА.мк