Критики за Дончиќ, го нема кога најмногу треба

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ е во центарот на вниманието поради повредите, а поранешниот НБА шампион и аналитичар на телевизијата ЕСПН Кендрик Перкинс повлече паралела меѓу Дончиќ и Џоел Ембид. Словенецот не одигра ниту еден натпревар во плеј офот, а тимот беше елиминиран со 4:0 од Оклахома Сити.

-Лука „влегува“ во територијата на Ембид. Кога е најпотребен на неговиот тим во плеј офот, него го нема на терен, изјави Перкинс.


Дончиќ и претходните сезони имаше проблеми со повредите пред сè со мускулите што се покажува како еден фактор за неговата физичка подготовка. Според анализите на лекарите потребен е и посериозен пристап за лекување на неговите повреди.