Тага во домот на познатата актерка: Шерон Стоун се збогува со својот брат

Холивудската ѕвезда Шерон Стоун ја објави веста за смртта на својот постар брат Мајкл Стоун, кој ја загуби битката со долготрајна болест на 74-годишна возраст.

Таа ја сподели тажната вест на социјалните мрежи, збогувајќи се со него со кратка, но длабоко емотивна порака.

Ѕвездата на филмовите „Ниски страсти“ и „Казино“ објави фотографија од својот брат и напиша:

„Мајк Стоун, мојот најстар брат, почина по долго боледување. Му посакуваме мир“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Мајкл Стоун беше актер кој оствари голем број значајни улоги во филмот и телевизијата во текот на својата кариера.