Алжирската боксерка Имане Келиф присуствуваше на премиерата на филмот „Nagi Notes“ на Канскиот филмски фестивал, а за оваа пригода избра креација од Шанел.
Келиф избра костум кој го трансформираше со посебни детали од минималистички во уникатно стилско издание.
View this post on Instagram
Едноставниот костум го надополни со бела кошула и бел цвет прикачен на јакната. Исто така, се одлучи за лакирани чевли и едноставни обетки, додека косата ја собра во опавче.
За потсетување, оваа олимписка шампионка во бокс често беше мета на сомнежи и обвинувања за нејзиниот пол, а откри дека пред Олимписките игри во Париз во 2024 година, користела хормонски третман за да го намали нивото на тестостерон. Сепак, таа нагласи дека не е трансродова.








