Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија по десетти пат во својата историја откако го совладаа синоќа Лацио со 2-0 во финалето во Рим.
Интер доминираше од самиот почеток на натпреварот и заслужено го освои трофејот.
„Нероаѕурите“ дојдоа во водство во 14 минута со автоголот на Адам, а конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинез дваесет минути подоцна.
Победничкиот трофеј на теренот го внесоа Кристијан Виери и Ален Бокшиќ, а на трибините беа бројни легенди на италијанскиот фудбал, меѓу кои Алесандро дел Пјеро, Марко Матераци, Роберто Баџо и Деметрио Албертини. (МИА)







