Автомобил излета од пат во струмичко, возачот тешко повреден

На 12.05.2026 околу 19:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Струмица-с.Баница, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(60) од Струмица, излетало од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.