Мануел Нојер се согласи на помала плата и останува во Баерн

Искусниот германски голман Мануел Нојерсе согласи и на намалување на платата, па неговиот нов едногодишен договор ќе биде вреден 20 милиони евра бруто. Со тоа, тој уште еднаш покажа колку му значи да остане во клубот за кој е симбол повеќе од една деценија.

Нојер пристигна во Минхен во 2011 година и оттогаш стана еден од најважните играчи во историјата на баварскиот гигант. За време на неговиот престој во Баерн, тој освои 31 трофеј и остави неизбришлив белег во европскиот фудбал.


Тој беше шампион на Германија тринаесет пати, пет пати го крена трофејот од националниот куп, додека двапати ја освои Лигата на шампионите.

И покрај возраста и проблемите со повредите во претходниот период, Баерн сè уште му верува на својот капитен, кој ќе биде еден од лидерите на тимот од Минхен и следната сезона.