Вчера најпрвин со неверување ја слушнав таа вест, второ бев шокиран од тоа што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ, пшоранешно ЕЛЕМ кога ќе ја добие одлуката ќе вложи жалба и очекувам дека случајот повторно ќе биде вратен на преразгледување и повторна анализа затоа што ако тоа не се случи тогаш обвинителството дефинитивно го губи својот кредибилитет, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќина новинарско прашање во однос на тоа што Обвинителството ја прекина истрагата за набавка на мазут, случај во кој беа обвинети Васкко Ковачевски од СДСМ, Ратко Капушевски, Асмир Јахоски и уште 11 лица.
-ОЈО-ГОК, обвинителството за гонење на организиран криминал, со овој обвинител сме го коментирале, со Ислам Абази и не треба друго што дополнително да кажам, јавноста знае за каков обвинител станува збор, рече премиерот.
Мицкоски информираше дека во текот на вчерашниот ден имал разговор со новиот Јавен обвинител.
-Во текот на вчерашниот ден разговарав и со Јавниот обвинител Ненад Савевски на оваа тема, тој ме информираше дека не бил информираан за оваа одлука на ОЈО-ГОК кој што го води Ислам Абази и претпоставувам дека по вложената жалба на АД ЕСМ случајот ќе биде преразгледан и вратен на повторно анализирање, изјави Мицкоски.







