Курт: Инвестиравме 12 милиони евра во реконструкцијата на овој оперативен блок во болницава

„Се сеќавам, пред многу години, бев пациент токму во оваа болница и добив исклучителна грижа од персоналот и докторите. Иако мојата состојба не беше сериозна, навистина чувствував дека сум во сигурни раце, изјава од Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

„За мене претставува голема чест што денес сум дел од овој настан, кој за нас претставува значаен чекор напред во подобрувањето на јавното здравство во земјата.

Како финансиски инвеститор на овој проект, ТАВ Македонија остава траен белег за подобро утре за пациентите на Градската општа болница „8 Септември“.

Инвестиравме вкупно 12 милиони евра во реконструкцијата на оваа болница и од денес „8 Септември“ добива целосно реконструиран и модернизиран оперативен блок.

Вкупната површина на реконструкцијата опфаќа 4.334 м², а дозволете ми подетално да ви ја претставам:

7 специјализирани операциони сали (634 м²)
Оддел за интензивна нега (460 м²)
Административни канцеларии (620 м²)
Кровна конструкција (1.820 м²)
Оддел за патологија и клинички лаборатории (800 м²), како и придружни простории.


Додека ги споменувам овие квадратни метри, важно е да се нагласи дека сите овие операциони сали и простории за интензивна нега се опремени со најсовремена опрема и се во согласност со најновите медицински стандарди и препораките на Светската здравствена организација“, додаде Курт.

„Како ТАВ Аеродроми, дел од француската групација АДП, веруваме дека нашата одговорност се протега и надвор од инвестициите во развојот на аеродромите. Посветени сме активно да придонесуваме кон заедниците во кои живееме и работиме.

Веруваме дека секој пациент заслужува достоинствени услови за лекување, а секој здравствен работник заслужува современи услови за работа.

Со оваа поддршка сакаме да придонесеме токму за тоа – подобра грижа, поголема ефикасност и повисок квалитет на здравствените услуги.

За нас, ова не е само проект, туку дел од една поширока визија – да бидеме партнер на општеството и активен учесник во неговиот развој.

Би сакал искрено да се заблагодарам на Владата и Министерството за транспорт, кои се наши лојални партнери, како и на сите соработници кои придонесоа за реализацијата на овој проект“, потенцира Курт.