Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето денеска изјави дека два миноловци на италијанската морнарица се приближуваат кон Ормуска Теснина и ќе бидат употребени само откако ќе се постигне договор за прекин на војната со Иран.
Како превентивна мерка, организираме распоредување релативно блиску до Ормуска Теснина на два миноловци: првично во Источен Медитеран, а потоа во Црвено Море, како дел од тековните мисии како што се „Медитеранео Сикуро“ и „Аспидес“ во рамките на меѓународната мисија на Италија, посочи Кросето.
Тој потенцира дека бродовите не се дел од воена мисија во Персиски Залив.
Ова учество, нагласувам, би се случило само по дефинитивното прекинување на непријателствата, наведе Кросето.
ФОТО: Декод39








