Пионот на Радев, Венко Филипче призна дека СДС има исти позиции со Бугарија, рече на денешната прес-конференција, Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Пионот на Радев, Венко Филипче, нема ништо против да бидеме нарекувани северномакедонци. Филипче е поголем негатор на Македонија и македонскиот народ, дури и поголем од Заев и од Бугарија и тамошните власти кои не нарекуваат „северномакедонци’’. Филипче е главниот лобист на Бугарија во Македонија за внесување на Бугарите во уставот, а потоа и за менување на идентитетот, јазикот, културата и историјата. И кога мислевме дека не може подолу, Филипче повторно вели, зошто да не ги внесеме Бугарите во уставот, кога тоа не е никаков ризик, ниту пак го загрозува нашиот идентитет. Сето ова, додека бугарската министерка Петрова Чамова вели дека сме „северномакедонци’’, истакна Манасиевски.
Филипче и натаму останува единствениот политичар во Македонија, кој е најгласен за уставните измени. Филипче треба да одговори, а не да молчи, со што е уценет од група на бугарски политичари за да води ваква антидржавна политика?- праша Манасиевски.







