„Одлуки што ги обликуваат економиите“, „Победа со вештачка интелигенција: Од возбуда до вистинска конкурентска предност“ и „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“, се дел од темите на дискусиите на агендата на вториот ден од самитот на Македонија 2025, што се одржува во Скопје.
Самитот ќе заврши попладне со обраќање на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во фокусот на самитот, што се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, се економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и улогата на дијаспората во развојот на Македонија.







