Стив Кер останува на клупата на Голден Стејт Вориорс.
Човекот кој ја одбележа најуспешната ера во историјата на франшизата се согласи на нов двегодишен договор со тимот од Сан Франциско, ставајќи крај на неколкунеделните шпекулации за неговата иднина.
Според „ЕСПН“, Кер ќе остане најплатениот тренер во НБА. Минатата сезона, тој заработи 17,5 милиони долари, а новиот договор потврдува колку Голден Стејт сè уште верува во човекот кој, заедно со Стеф Кари, Дрејмонд Грин и Клеј Томпсон, изгради една од најголемите династии во модерната кошарка.
Откако пристигна во 2014 година, Кер целосно го промени идентитетот на франшизата.
Под негово водство, Голден Стејт освои четири титули во НБА – во 2015, 2017, 2018 и 2022 година, а ќе биде запаметен и по историската сезона 2015/16 кога Вориорси достигнаа рекордни 73 победи во регуларниот дел од сезоната.








