ГРК Охрид ќе игра за трофејот во Европскиот Куп во вечерен термин

Европската ракометна федерација ги потврди термините за финалето во Европскиот куп, а Македонија повторно ќе има свој претставник во борбата за трофејот каде ГРК Охрид ќе се сретне со унгарската екипа Татабања во големото финале.

Според ждрепката, охриѓани први ќе гостуваат во Унгарија.

Првиот финален натпревар ќе се одигра на 24 мај со почеток од 17:00 часот во Татабања.


Реваншот е закажан една недела подоцна во салата „Билјанини извори“, каде што Охрид на 31 мај од 20:00 часот ќе ја пречека унгарската екипа.

Македонскиот ракомет и минатата година имаше причина за славје во ова натпреварување, откако трофејот заврши кај Алкалоид, а сега Охрид ќе се обиде да го повтори тој успех.