КОНЕСКИ: СДС со ДУИ ги избркаа младите од Македонија и по 7 години сега шират паника, лажни вести и тагуваат за власт

Последната прес-конференција на СДС е уште еден пример на неодговорна и деструктивна политика насочена кон ширење на апатија, безнадежност и чувство на безперспективност кај младите, изјави на прес-конференција Тодор Конески, член на ИК на УМС, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Крајно неодговорно е партија која до пред две години беше дел од централната власт, денес да се обидува политички да профитира преку демотивирање на сопствената држава и сопствениот народ. Токму СДС и ДУИ се тие што седум години создаваа систем на партизација, корупција, понижувања и уништена доверба во институциите, поради што голем број млади ја изгубија вербата во иднина и беа принудени да ја напуштат државата.

Со своите политики ги избркаа младите од Македонија, а денес наместо самокритика, се обидуваат дополнително да го засилат тоа чувство преку реторика на очај, страв и безнадежност. Наместо да понудат визија, тие градат политички наратив дека во Македонија нема иднина.

Штетата што ја оставија зад себе е огромна и не може да се санира преку ноќ. Но, за разлика од нив, денес постои Влада која смета дека нејзина обврска е да врати надеж, оптимизам и чувство дека Македонија повторно да создава можности — особено за младите луѓе.

Додека СДС шири паника, лажни вести и наративи на иселување, ние ги повикуваме младите да останат дома, да ја сакаат и да ја градат сопствената држава. Работиме да создадеме услови младите да студираат, живеат и напредуваат во современи студентски домови и современите кампуси, да добијат поддршка за сопствен бизнис, сопствен дом, грантови и можности за економска независност.


Нашата цел е да создадеме генерација што ќе создава додадена вредност во општеството, ќе биде конкурентна, самостојна и горда на својата држава.

Разликата е суштинска.

Ние сакаме млади луѓе што ќе ја направат Македонија посилна, подостоинствена и поуспешна од било кога.

СДС, пак, продолжува да произведува партиски послушници кои сервилно одработуваат по директиви на истата врхушка што ја доведе партијата до историски пораз и политичка маргинализација.

Младите заслужуваат многу повеќе од страв, цинизам и политичка злоупотреба.

Заслужуваат држава што ќе им даде причина да останат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ