Дербито помеѓу ГРК Охрид и Вардар 1961 заврши во корист на домашниот тим, кој славеше со 26-24 и воедно испиша историја, бидејќи за првпат слави против вардарци.
Ова беше натпревар од осмото коло во плеј-офот од машкиот ракометен национален шампионат.
Пилиповиќ имаше 11 одбрани, Јасухира и Иванковиќ постигнаа по 6 погодоци, на другата страна Да Силва имаше пет гола.
Во првото полувреме дуелот беше поделен, на стартот водеше охридскиот тим, а потоа темпото го наметна своето темпо, па ја имаше минималната позитива (12-14).
На стартот на второто полувреме Вардар поведе со 12-16. Во 35-та минута гостите останаа со играч помалку на теренот, охриѓани се вратија целосно. Направија серија од 8-1 за 20-17 во 41-та минута. Девет минути подоцна Вардар дојде на 23-22. Во последните десет минути почнаа да расте тензијата на теренот, незадоволство имаше на двете страни. Долго време на семафорот стоеја 25-23, Анастасовски го прекина овој молк, но охриѓани беа на плус два, позитива која се покажа како доволна за победа.
Со овие бодови ГРК Охрид останува втор на табелата пред Пелистер.








