Трипуновски: Поддршка од 25,5 милиони денари за Научниот институт за тутун – Прилеп за современи оранжерии за расад на тутун

Поддршка од 25.500.000 денари за набавка и инсталирање на современа опрема за одгледување на расад на тутун во оранжерии во контролирани услови на површина до 0,6 ха за Научниот институт за тутун – Прилеп, напиша на својот фејзбук профил Цветан Трипуновски

Се очекува производство на расад за садење на 12 хектари тутун, наменет за производство на сертифициран семенски материјал. Со добивање на квалитетен семенски материјал се инвестира во квалитетно производство на тутун.


Во рамки на посетата, ги посетивме лабораториите на Институтот во кои се врши анализа на почва и производи од тутун. Продолжуваме со инвестиции во науката и во развојот на домашното земјоделско производство, дадава министерот