Трамп изјави дека сака подолг прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека би сакал прекинот на огнот во војната на Русија во Украина да трае повеќе од три дена.

-Би сакал тој (конфликт) да заврши, додаде тој.

Трамп, исто така, рече дека рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски веднаш се согласиле со неговиот предлог за привремено прекин на огнот.


-Јас го побарав тоа и претседателот Путин се согласи… Зеленски се согласи, двајцата – без двоумење, рече тој.

Американскиот претседател изјави дека е подготвен да испрати свои преговарачи во Москва доколку смета дека тоа би било корисно за преговарачкиот процес за решавање на кризата во Украина.